After Midnight

Секси загревање во зима

Ако во овие ладни денови немате секс онолку колку сакате, знајте дека тоа не е ништо лошо. Како би ја сочувале енергијата кога имало најмалку храна нашите предци развиле еден вид на хибернација, просто речено – штедење на енергија. Од тогаш наваму ништо се нема променето, ние денес се уште сме под влијание на тој чуден генски многу вековен закон на преживување.

Статистички мажите се оние кои се под влијание на овој интересен генски феномен. Затоа е потребно да направите нешто за да добиете она што ви е потребно, пред вас се неколку интересни совети да ја разбудите заспаната машкост на вашиот партнер.

 

Загрејте го со здивот

Како функционира: ако знаете да му ја подигнете температурата на вистинското место, неговото тело ќе биде подготвено за мазење и ќе се загрее за секс.

Чекор1: започнете да го љубите, па застанете над неговата кожа и нежно испуштете воздух. Потоа до усните нежно поминете преку деловите од неговото тело кои знаете дека се чувствителни. Кога ќе се доближите и до најинтимните делови, целосно ќе се избезуми.

Чекор2: пред секс ставете чаша топла вода покрај креветот. Пред да започнете со предиграта, земете голтка вода и за задржете ја во устата за усните да ви станат меки за љубење. Можете да користите и лубрикант кој го загрева телото. Земете малку лубрикант и нежно протријте го меѓу дланките. Потоа нежно измасирајте ги интимните делови од неговото тело.
Играјте грубо

Како функционира: мажите сакат агресивност во креветот. Тоа ја засилува возбудата и потврдува дека навистина сте се запалиле. Една од најчестите фантазии на мажите е страстен секс.

Чекор1: тргнете во акција со зборовите „мораш да бидеш мој“, зграпчете го за задникот и гризнете му ги усните.

Чекор2: по првата рунда, обидете се со масирање. Соборете го на креветот, жестоко нападнете му ги рацете, гризете, стискајте, гребете. Едноставно, правете се што ви налага нагонот.

 

Наежете го

Како функционира: задоволството ќе биде огромно ако прво започнете полека со сензуални допири, а секој пат кога ќе почувствувате дека се возбудил да престанете. Исчекувањето ќе го направи оргазмот поинтензивен.

Чекор1: тој знае дека кога тогаш ќе завршите меѓу неговите нозе, но колку повеќе го терате да чека толку повеќе ќе се возбуди.

Чекор2: избегнувате ја рутината. Мажите сакаат кога со своите брадавици им кружите по градите. Ако имате долга коса, пуштете ја и милувајте го по цело тело.

 

Write A Comment