Celebrity

Семјуел Џексон во Гинис! За… цар е човекот!

Има играно во повеќе од 100 филмови кои заедно имаат заработено преку седум милијарди долари. Ова е сосема добра причина за Семјуел Ли Џексон да се најде во Гинисовата книга на рекорди.

Семјуел е најпрофитабилниот актер на сите времиња, тврдат од Гинис. Има играно и во нискобуџетни филмови, но и во бројни блокбастери. Филмските критичари постојано ги фалеа, а сопствениците на филмските студиа задоволно ги триеа рацете. За време на својата актерка кариера, филмовите во кои глумел заработиле седум и пол милијарди долари и затоа на својата 62 година, тој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Следната година ќе може да го погледнеме дури во три остварувања: „Одмаздници“ „Џанго“ и „Самарјанецот“.

Напиши коментар