Вкусен леб, шунка и квалитетно сирење или кашкавал е сѐ што ви е потребно за да направите вкусен сендвич. Секако, оставаме на вашата фантазија да додаде и други состојки. Нашата гурманска фантазија на оваа комбинација би додала и парчиња домати и круши за да постигнеме перфекција.
Потребни состојки: (1−2 лица)
2 долги парчиња црн леб
2 мали лажици растопен путер
1–2 парчиња шунка, тенко исечени
2–3 парчиња домат или круша
1–2 парчиња сирење по желба
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 230℃. Прелијте ги лепчињата со растопен путер. Наредете парчиња шунка на секое од лепчињата. Врз шунката ставете домати и круши. На крајот, покријте со убав слој сирење.
Ставете ги сендвичите врз хартија за печење и потоа во тава. Печете ги сѐ додека сирењето не се растопи, односно додека не добие златна боја на краевите (6−8 минути).
Добар апетит!
