Новата, осма сезона на планетарно популарната серија „Доктор Хаус“ наскоро ќе започне да се прикажува на американската телевизија „Фокс“.
Првата епизода под наслов „Twenty vicodin“ ќе биде прикажана на 3-ти Октомври.
Пред неколку месеци, легендарниот Хју Лори изјави дека осмата сезона може всушност да биде и последна. Овој популарен британски актер неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледан главен актер на телевизија. Истовремено, и серијата „Доктор Хаус“ е прогласена за најпопуларна.
Судејќи по тоа со која брзина домашните телевизиски канали ги откупуваат сериите од новата сезона, не треба да се сомневаме дека наскоро и ние ќе можеме да уживаме во најновото што Доктор Хаус има да ни го понуди.
