After Midnight

Сезоната на изневерување веќе започна

Истражувањата покажаа дека декември е месец во кои се случуваат најмногу сексуални авантури!

„ Периодот на новогодишните празници е време кога најмногу се случуваат неверства во годината. Тоа е период кога  поранешните емотивни  неверства се претвораат во сексуални“, кажува  Veronika Seles, семеен и брачен терапевт. Причината за зголемениот број неверства, стручњаците ја гледат во се поголемиот број дружења надвор од работното време, забавите и алкохолот кој во овој дел од годината е најбогат.

Порано, главно мажите беа тие кои изневеруваа. Мажените жени, обично биле дома и се грижеле околу децата. Но, тие односи во многу нешто се променија. Жените денес главно се изедначени со мажите, – вработени се, имаат успешни кариери, друштво и пријатели, што доведе и  до изедначување на жените со мажите на полето на неверството, појаснува Veronika Seles.

Повеќето истражувања ширум светот покажуваат дека бројот на неверствата е се во поголем пораст. Дури 45% од брачните партнери, изјавиле дека барем еднаш во животот го изневериле својот партнер или партнерка.

Иако се претпоставува дека луѓето се одлучуваат на неверство поради незадоволството во бракот, студиите покажаа дека причината за тоа е во прв ред решавање на внатрешниот судир со самиот себе. Повеќето неверства не се случуваат поради незадоволството од својот партнер.

Write A Comment