Колумбиската пејачка Шакира и музичарот Роџер Ватерс, кој е поранешен пејач на групата Пинк Флојд, заедно купија остров на Карибите кој ги чинеше 16 милиони долари.
Шакира (34) и Ватерс (68) се надеваат да го развијат туризмот на Карибите на еден поинаков начин со тоа што ќе изградат ланец луксузни хотели на островот, а ќе има и приватни плажи и приватни куќи.
Концептот е примарно замислен како уметност и култура. На островот ќе има и галерии и нема сè да биде сконцентрирано околу голф терени и јахти, како што е обичај со другите луксузни одморалишта.
