Идеален пијалок за една романтична вечера. Многу лесно може да го подготвите, а во убавиот вкус да уживате и двајцата. Или пак подгответе го за своите пријателки.

Потребни состојки:
Свежи јагоди, или пак замрзнати ( доколку го правите во ова годишно време)
1 шише шампањ или пенливо вино
2 лажици мед

Подготовка:
Малку од виното ставете во блендерот каде ќе ги ставите измиените и исчистени јагоди. Остатокот од шампањот ставете го убаво нека се излади.
Во блендерот може да ставите и неколку коцки лед, при што ќе добиете вкусен леден пијалок со вкус на јагода.
Потоа ставете ги во еден бокал остатокот од шампањот, изблендираните јагоди, медот и измешајте.
Пијалокот е подготвен и може да го послужите во чаши за шампањ.
