Убавина

Шминка која плени

Ако досега не сте биле една од многуте фанови на „задимениот поглед“, тогаш за новава сезона ви предлагаме да го растопите ледот, кој стои помеѓу вас и овој тренд во шминката.

Задимениот поглед е смел, ги приковува туѓите погледи и делува речиси на сите сетила.

За да ја нанесете перфектно оваа претенциозна шминка ќе ви се наложи да посветите малку повеќе време но кога еднаш ќе го сватите трикот ќе се разликувате по вашата убава и драматична шминка.

Класичната целосно црна варијанта на задимениот поглед отстапува место на поредната своја метаморфоза која ќе ја наречеме двобојно задимен поглед.

Црната како и другите монотони бои, сивото, синото, зеленото и кафеавото можат перфектно да се комбинираат со златна и сребрена боја. Најдобрите комбинации се црно и сиво, златно и кафено и сиво и сино.

 

Write A Comment