Потенцирање на очите и мистериозниот поглед се постигнуваат со комбинации од интензивни бои
Трендовите во шминкањето оваа еден се во потполна согласност со оние на модните писти. Еден од впечатливите, на кои можеби и не сме се навикнале оваа година се интензивно нашминканите очи. Пред се, акцентот е мистериозниот поглед кои се постигнува со интензивни сенки. За ваков „мејк ап“ лицето треба да изгледа беспрекорно, но и природно. Затоа, ставете тенок слој пудра, во бојата на тенот, па на челото, на носот и брадата ставете транспарентна пудра во прав, на јаболчниците руменило во розеникава или корал боја.

На очите комбинирајте две сенки во различни интензивни тонови. Во внатрешниот дел нанесете моливче за очи или туш во тиркизна боја или некоја друга нијанса, а на надворешниот дел на окото по горниот и долниот капак подвлечете линија во лила боја. Потоа нанесете сенка во истите бои над моливчето/тушот. Во делот под веѓите ставете сенка во неутрални тонови. На крајот истакнете ги трепките со маскара во црна боја, кафена или во бојата на користените сенки.
Карминот треба да биде во месо боја или пак корална. Лакот на ноктите, исто така би требало да биде во некоја поинтензивна нијанса.
