After Midnight

Што е Тантра секс ??? – 1 дел

Тантра е уметност, филозофија, вид јога или со прости зборови – техника во сексот која го преобразува телесното задоволство во духовно преживување. Тантра доаѓа од Индија каде што се појавила пред повеќе од четири илјади години. Со таа сексуална техника се постигнува соединување на телото, мислата и душата.

Тантрата воопшто не е лесна за разбирање, но во последно време, исто како и јогата, станува мода. Тука се вклучуваат вежби за дишење и свивање на мускулите, различни звуци и создавање на различни ликови во потсвеста, ритуали за создавање на свето љубовно место, чувствителна масажа, медитација и сексуална игра со, не многу лесни пози. За да соберат доволно сексуална енергија, која ќе ги доведе до состојба на духовна екстаза, тие што практикуваат тантра секс водат љубов со часови и цело време се на раб на оргазам.

Целта на обичниот секс е достигнување на оргазам. Во Тантрата нема цел, туку намера, желба да се поврзете со партнерот. Но не само со тело туку со мислата, со срце и душа. Акцентот во Тантрата е многу важен. Почувствувајте ја мистичноста со тоа што ќе почнете да гледате на партнерот од подруг агол.

 

Восхитувајте се на него и неговата убавина како да не постои друг човек на планетава. За Тантрата од големо значење е местото каде водите љубов. Затоа вашата спална треба да ја направите од обично место во свето. Потребни ви се само неколку минути и минимални средства. Поважно е да имате желба, а не предметите.

Прво треба да ја исчистите собата. Изметете, избришете прашина и соберете ги сите непотребни работи од земја и од полиците. Собата треба да биде во полу мрак. Запалете свеќи низ цела соба. Ставете и еден ваган со овошје. Тоа создава чувство на нежност и чувствителност. Земете и шише црвено вино и работи за кои и двајцата сте емоционално врзани. Ставете чисти прекривки и меки големи перници.

Кога ќе завршите со создавањето на атмосферата, одделете неколку минути за да ја смените енергијата во собата. Секој си има сопствен начин но важно е да се ослободите од негативната енергија и да ги поканете радоста, љубовта, страста и се друго позитивно. Создајте си сопствен ритуал со ароматизирани стапчиња, темјан, музика или слично.

 

Тантричкиот секс се всушност вежби, вештини и акции со кои се стимулира сексуална енергија која потоа може да се искористи. Мажите мораат да научат како да го одложат оргазмот, додека кај жените тоа толку не е неопходно, зошто жените се мултиоргазмични. Кај мажите по оргазмот доаѓа до празнење на енергијата, а целта е таа да се насочи кон саканата цел. Целта на тантричката филозофија е секој да има право да ја одбере целта и тоа што го прави среќен.

 

Напиши коментар