← НАЗАД НА БОЗА

Што е Тантра секс ??? – II дел

Што е Тантра секс ??? – II дел
2902 Читања

ОРГАЗАМ ВО ТАНТРА СЕКСОТ

Вчера говоревме за тоа како да се подготвите за да имате успешен тантра-секс, малку ја начнавме предиграта и сега е крајно време да преминеме на главниот чин.

Најважно од сè е да работите постепено. Сепак, не е лесно да се постигне повеќекратен оргазам. Сетете се дека едвај достигнувавте еден. Како што одите кон кулминацијата, не заборавајте да го ослободите духот. Не мислете на оргазмот ако сакате сексуалната екстаза да трае подолго.

Воспоставувајте сè поблизок контакт. Сега сте во фазата кога имате пристап до неговото тело. Бакнувајте ги неговите брадавици, милувајте го по косата, бакнувајте го зад ушите, шепнете му по некој збор, нежно масирајте го неговиот полов орган… сето тоа изведувајте го преку занесни и хармонични движења.

Не заборавајте на погледот очи в очи и на дишењето. Ако забележите дека очите сами се затвораат, отворете ги. Навистина лесно е да се препуштите на моментот. Вратете се во реалноста и сетете се на партнерот и на тоа дека сè уште му треба милување и дека е рано за расплет. Контролирајте го дишењето кое под дејство на нагонот може да се забрза. Тоа е доволно за вашиот партнер да експлодира. Дишете наизменично, тој нека вдишува, вие издишувајте.

Пробајте неколку пози. Сега кога веќе почнавте да водите љубов, не останувајте во истата поза. Изведете ја секоја поза што ќе ви падне на памет. Трикот е во тоа еднаш вие да бидете диктаторот на интензитетот, следниот пат тој. Поставете се различно, од нежна до тотално дива.

Уживајте во оргазмот:

Нешто околу машкиот оргазам. Во тантра – сексот постои разлика помеѓу машкиот оргазам и ејакулацијата. Иако најчесто се случуваат во исто време, сепак мажот може да постигне оргазам и без ејакулација. Контролирањето на ејакулацијата е тоа што им помага на мажите да го продолжат дејството на сексуалната екстаза во тантра – сексот. Воздржувањето од ејакулирање е причината за повеќекратниот оргазам.

И секако повеќе за женскиот оргазам. Девојки, вашето најмоќно оружје не се наоѓа помеѓу вашите нозе, туку некаде длабоко во ушите. Тоа што го уништува вашиот сексуален живот се мислите, звуците, проблемите и другите нешта што ве деконцентрираат. Затоа, најдобро е да се концентрирате на чувство, а не на мисла. Правете пауза кога преминувате од една во друга поза, или од орален кон вагинален секс. Мислете само на тоа како се чувствувате кога ве лиже со јазикот или ве допира со усните.

Стимулација на клиторисот. Стимулирањето на клиторисот и делот околу него е вистински двигател на женската сексуална енергија. Преку зборови или звуци покажете му на партнерот како сакате да ве допира. Допирот треба да биде нежен, а во комбинација со јазик е целосен погодок.

Г- точка, во тантра – сексот уште позната како света точка. Нејзиното стимулирање треба да биде исклучително нежно. Нема да има никаков ефект доколку премногу ја надразните. Во спротивно освен оргазам можете да постигнете ејакулација.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk