Не е лесно да се сочува страста во долгогодишните врски. Обврските, темпото и самата блискот го менуваат начинот на живот. Ова се петте грешки кои ги правиме во долгогодишните врски, а воедно тоа се и причинители за губење на страста.
Потиснување на незадоволствата
Најлошо за една врска е да ги премолчувате незадоволствата. Психолозите велат дека секое незадоволство треба да го пријавите навреме. Нормално и да го одберете начинот на искажување. Доколку постојано ги избегнувате конфликтите незадоволствата се потиснуваат и растат. А тоа значително ќе се одрази на страста.
Тешки зборови
Без разлика на тоа колку партнерот ве повредил внимавајте на зборовите кои ги упатувате кон него. Тешките зборови упатени кон партнерот може да ја убијат страста во него.
Сте се запоставиле
Тоа што сте во брак или во долга врска не значи дека треба да се запоставите и да не обрнете внимание на својот изглед. Не ја заборавајте реакцијата на партнерот на почетокот на врската кога го изненадувавте со секси изданија.
Недостаток на доверба
Недостатокот на доверба нормално дека ќе ја уништи страста. Намаленото расположение и опседнатоста со односот на партнерот нема да ви остави простор за убави моменти. Освен тоа што кај вас ќе биде намалена страста истото ќе го доживее и партнерот.
Непривлечно однесување
Должината на врската и времето поминато заедно не треба да ве направи неодговорни или да се однесувате непривлечно. Тоа што поминувате повеќе време со партнерот не треба да значи дека треба да се опуштите и да ги грицкате ноктите, да џвакате со отворена уста, да не пуштате вода во тоалетот. Тоа ќе ја убие страста со сигурност.
