Листањето на ноктите се јавува или поради употреба на агресивни средства на чистење, од работа на тастатура, или пак се јавува како преднзак дека на вашето тело му недостасуваат хранливи материи.
За да го спречите листањето на ноктите внесувајте здрава храна, а кога користите силни средства за чистење користете и ракавици.

Но, доколку веќе е дојдено до листање на ноктите, тогаш земете една турпија и со неа горниот дел од ноктот израмнете го, за да го спречите дополнително листање. Потоа ставете ги ноктите во лимонов сок или пак во половинка од исцеден лимон. Лимоновата киселина ги зајакнува ноктите.
Масирајте ги ноктите со маслиново масло барем два пати неделно. Маслиновото масло исто така ги зајакнува ноктите.
