Ким Кардашијан (30) и Крис Хемфри (26) во брак се скоро еден месец, а веќе им почнаа брачните несогласувања и проблеми. Кошаркарот и замерува на сопругата бидејќи таа премногу излегува и работи прекувремено, така што многу ретко се гледаат по дома.
Пријателите на двојката велат дека спортистот се надевал оти Ким повеќе време ќе се вртка низ дома и дека ќе му угодува, а забавите и излегувањата ќе паднат на втор план. Сепак, не е се така розево во бракот, братче.
