After Midnight

Што навистина ги возбудува мажите

Доколку сакате вашиот сопруг или долгогодишен партнер повторно да се заљуби во вас, пуштете ја фантазијата и старата страст повторно ќе се разгори. За почеток, можете да се потпрете на нашите предлози кои ќе ви помогнат повторно да се зближите.

Облечете се провокативно

Мажите сакаат визуелен стимул. Искористете го тоа и облечете го она што знаете дека ќе го возбуди вашиот партнер, кожени панталони, мини здолниште или провокативна долна облека. Дозволено е се што ви се допаѓа на двајцата. Важно е да му дадете да ви се восхитува, а потоа полека соблечете се пред него.

Љубовен оброк

Вашата жешка предигра нека започне на масата. Подгответе лесна вечера и аранжирајте само за вас двајца. За љубовно мени најдобри се мали порции со прилози од ананас, шпаргли или школки, бидејќи овие производи ја разгоруваат желбата за секс.

Сменете ги улогите

Колку и да сте во брак или врска, секогаш можете да му приредите неочекувано изненадување на партнерот. Договорете се со него да се сретнете во некое кафуле, бар или клуб и правете се дека не се познавате. Ваквата игра ќе влијае многу добро на вас. Кога ќе ја загреете атмосферата, одете дома и продолжете со игра.

Запалете го со коцки мраз

Кожата е најчувствителниот орган и тоа треба да го искористите. Галете го партнерот по градите со коцки мраз. Бидете внимателни и во  него ќе разбудите вистински вулкан. Обидете се и со стариот трик со усните да ја држите коцката мраз, а потоа бакнувајте го по цело тело. Тоа ќе делува многу возбудливо.

Масажата опушта

Масажата опушта, но истовремено е добра и како  предигра, посебно ако користите парфимирано масло. Мирисите како ванила и мошус делуваат доста еротично. Потоа заменете ги местата и тој нека ве масира вас.

Жешка игра со прстите

Оваа игра подеднакво ќе ве возбуди двајцата. За почеток, ставајте го секој негов прст во устата и нежно бакнувајте го. Тоа ќе ја загрее неговата фантазија, бидејќи секој маж сонува за еротска игра со прстите.

Кавга како предигра

Конструктивната расправија може да послужи како жешка предигра. Во моментот додека се расправате, изненадете го партнерот со врел бакнеж.

Write A Comment