Често пати користиме нешто што понекогаш и не ни е потребно. Што заради престиж, што заради различните реклами на кои се покажуваат различни актерки или фото модели кои изгледаат прекрасно и сметаме дека истото ќе важи и кај нас. Сепак реалноста е нешто подруга. По рекламата секогаш брзаме да купиме нешто што можеби воопшто не ни е потребно. Некои производи за нега на кожата воопшто не ни се потребни.
Што е она што не ни е потребно за вистинска нега на нашата кожа?
- Не ни требаат посебни креми за лице, врат и гради.
- Не ни требаат прескапи производи за нега на кожата, она што е скапо не значи и дека е подобро.
- Не ни е потребен тонер. Тонерот е потребен доколку имате зголемени пори и прекумерно производство на маснотија од кожата.
- Не ни е потребен хидрантен серум. Но доколку имате чувствителна и реактивна кожа постојано, тогаш серумот може да помогне за смирување на истата.
- Не ни се потребни креми дизајнирани за специфични делови на нашето тело, тоа е маркетинг трик. Добар лосион за тело може да се користи на сите делови од телото.
- Не ни се потребни производи за враќање на староста на кожата. Не може да се врати, но може да се спречи. Тоа е различно.
- Не ни се потребни производи за зацврстување на телото бидејќи во моментов не постои производ на пазарот кок може да зацврсти одреден дел од телото.
- Не ни е потребна маски за лице доколку навистина немаме проблем со чувствителност и некаква реакција на кожата.
