Ако сакате да го освоите срцето на онаа личност која одамна ја „меркате“, обидете се на првиот состанок да не направите ниту еден од следниве неколку потези.
Немојте да касните – ако не стигнете на време тоа најчесто се сфаќа како да не ви е важен состанокот, затоа барем на првиот состанок немојте да закасните.
Немојте да зборувате како „навиени“ – дозволете и другата страна да зборува, во спротивно ќе оставите вшечаток дека сте егоистични.
Немојте да се облечете како да не ви е гајле – тоа не значи дека треба да се облечете неприродно за вас, туку од својот стил и начин на облекување дадате го максимумот.
Немојте да зборувате за бившите партнери – никој не сака да слуша за минатите врски, особено не на првиот состанок.
Немојте да навалувате – во се бидете умерени и обидете се да бидете тоа што сте.
