After Midnight

Што неговото куче зборува за него

Сите ние избираме нешто што најмногу одговара на нас и нашиот карактер. Па истото тоа важи и за домашните миленичиња. Психолозите сметаат дека карактерот и особините на домашното милениче се поистоветуваат со нашите. Со оглед на тоа ќе може да дознаете и нешто повеќе за момчето од миленичето кое го чува.

Лабрадор ретривер

Сите ги сакаме лабрадорите, тие се едни од најпопуларниот вид денес, што веруваме дека има врска со нивната весела личност. Забавен е и многу добар со децата, лабрадорот може да биде сопственик на семејството, како и за повеќето девојки е најпосакувана карактеристика. Лабрадорот сака да го поминува времето надвор на отворено, а неговиот сопственик веројатно ќе биде спортски тип кој сака стабилност наместо оригиналност.

Германски овчар

Сопственикот на ова куче не му недостасува тестостерон, овчарот кон вас се однесува сериозно и помалку застрашувачки. Однесувањето на кучето може да го приметите кај сопственикот, доколку тој е дисциплиниран и пристоен, големи се шансите сопственикот да биде исто така како кучето дисциплиниран и пристоен.

Златен ретривер

Паметен, пријателски настроен и прекрасен, ова куче е омилено на многумина, а е едно од најдисциплинираните видови. Ако овој златен лепотан не разликува меѓу  “седи” и ”лежи” не го обвинувајте, бидејќи сопственикот и без тоа не се мачи да го научи. Сопственикот на овој вид куче е тип кој би го запознале со семејството, но сигурно не е премногу опседнат со уредноста.

Бигл

Ова мала бонбона има голема способност, многу е забавна. Често сака да се шета сама, а позната е и како една од најгласниот вид на куче, па често завива. Сопственикот на ова куче мора да знае да ја цени неговата вицкаста природа, што значи ќе мора да ги цени и вицкастите девојки со смислол за хумор. Бигл е врста со која треба да имате трпение и силни нерви, и вашиот дечко доколку има ваков вид на куче сигурно наликува на него. Не е лесно да го навикнете на добро расположение, па фактот дека понекогаш нема да слуша не е толку страшен. Овие кучиња знаат многу да се здебелат, па доколку видите дечко со дебел Бигл тоа би можело да биде индикатор за невнимателен.


 

Напиши коментар