Холивудскиот актер ќе режира филм по сценарио на романот на Стивен Кинг.
Актерот и режисер Бен Афлек, ќе ја режира филмската адаптација на романот „The Stand“ на познатиот писател Стивен Кинг, објави филмскиот сајт „Дедлајн“.

Афлек ќе биде и сценарист на филмот, кој ќе се снима во студиото на „Ворнер Брос“.
Инаку, ова не му е прво режисерско остварување на Бен Афлек. Тој ги има режирано филмовите „Исчезната“ и „Град на крадци“, а моментално работи на филмот „Арго“.
