Celebrity

Што работи Енрике кога не работи? Sирнете:)

Ако од секогаш сте сакале да знаете како изгледа животот на ѕвездите позади камерите, еве ви прилика да ѕирнете во приватноста на една вистинска ѕвезда. Енрике Иглесиас одлучил да сними спот во кој има детаљи од неговиот приватен живот.

Пејачот го сними спотот за неговата најнова песна „I Like How It Feels“ и во него е опишан целиот приватен живот на Енрике, работи кои му се случуваат за време и по настапите, сцени од секојдневниот живот кога има слободно време и многу други работи.

Во спотот можете да видите како реагира Енрике на хистеричното вриштење од неговите обожаватели на концертите, како и работи во кои тој најмногу ужива – возење со брод и скијање на вода со своето куче.

Во спотот се појавуваат и Никол Шерзингер, Питбул, Серена Вилијамс, Џорџ Лопез и Ева Лонгорија.

Оваа песна ќе се најде на албумот „Euphoria Reloaded“ кој треба да излезе во продажба на 15-ти Ноември.

Еве го спотот за реалниот живот на Енрике:

Напиши коментар