← НАЗАД НА БОЗА

Што ви го уништува сексуалниот живот?

Што ви го уништува сексуалниот живот?
1526 Читања

И таман помисливте дека имате идеална врска и стабилен партнер, нешто се случува во спалната соба. Досадата и монотонијата надвалдеаа? И сега се прашувате каде згрешивте?

Најчесто луѓето се заробуваат во стереотипите кои постелата ја предтсавуваат како црно – бела, а врската како константа која не дозволува авантура и промена.

Ова се петте најчести митови кои го уништуваат сексуалниот живот:

Без страст значи без љубов!

Но вистината е дека може некого да сакате и кога страста ќе помине. Се што треба да направите е да внесувате промени во сексуалниот живот бидејќи тие ја обновуваат страста. Затоа бидете креативни и авантуристи во кревет.

Храната не влијае на сексуалниот живот!

Но, вистината е поинаква. Здравото тело е неопходно за задоволувачки сексуален живот. За да се храните здраво мора да се посветите на порциите кои ги одбирате. Нездравата храна освен тоа што ќе ве здебели, па нема да се чусвтсвувате привлечно, исто така не ви дава енергија па сексуалниот живот трпи.

Ако исчезне хемијата, врската завршува!

Но вистината вели дека страста може да се распламти доколку ги послушате основните сексуални инстикти.

Мажите би требало да направат жените да се чувствуваат посакувано, а тие пак да им возвратат со нежна и емотивна сексуалност.

Ако љубовта е силна, други луѓе нема да ве привлекуваат!

Но, вистина е дека и кога сме во најдлабоки врски и со најсилни емоции сепак може да приметиме некој атрактивен маж/жена.

Колку се чувствувате посигурни, толку сексот ќе ви биде подобар!

Но, вистината вели дека одреден степен на мистериозност и неизвесност може да биде клучен за сексуалниот живот.

Обидете се да го зачините сексуалниот живот со малку мистериозност и незивесност. Ќе видите дека она што досега сте го практикувале било сосема погрешно.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk