After Midnight

Што зборуваат за вас сексуалните фантазии?

Мечтаете за секс со непозната особа, за секс во кој ќе бидете потчинети, за секс во кој некој ќе ве гледа од страна… сите овие мечти зборуваат нешто за вас, велат психолозите.

Мечтаете за секс во кој ќе бидете доминантни

Гледате згоден дечко во некое кафуле и замислувате како го одвлекувате во тоалетот и таму имате жесток секс.

Психолозите велат: мечтаете за секс без емоции, див и животински секс. Жените во стварниот живот сексот го поврзуваат со емоции, па во мечтите се препуштаат на страст без обврски.

Како да ја исполните својата фантазија: немојте се да препуштате на партнерот, превземете ја контролата во свои раце. Оставете ја љубовта малку на страна и безобразно заведувајте го својот партнер на забава или пак орално задоволете го додека се возите кон дома.

 

Мечтаете за секс во кој сте потчинети

Фантазирате за груб секс

Психолозите велат: немате самодоверба и тоа ве прави несигурни во сексот. Никогаш не превземате иницијатива за секс и уживате само кога партнерот ве задоволува.

Како да ја исполните својата фантазија: Отворено разговарајте со партнерот за тоа што ве возбудува. Размислете дека на партнерот би му значело кога ќе се сложите да му ги исполните еротските сонови.

 

Мечтатете за секс во кој некој друг ќе ве набљудува

Фантазирате за секс со партнерот или сосем непознат човек на јавно место каде има некој друг кој ќе ве гледа од старан.

Психолозите велат: освен од радозналост, во овој случај се работи и за желба за натпревар.

Како да си ја исполните фантазијата: нема потреба од војаеризам. Сконцентрирајте се на квалитетеите кои ги имате, на она што вие го поседувате, а не другите што имаат. Она што замислувате дека другите го прават, правете го вие.

Напиши коментар