Celebrity

Сите топ модели во музичкиот спот на “Duran Duran”

Вистина е дека познатата група „Duran Duran“ и не е баш на врвот на својата слава, но за овој чекор мораме да им честитаме. За потребите за снимањето на новата песна, тие успеале да ги соберат сите звучни имиња од манекенскиот свет. Се работи за Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Синди Крафорд…

Ако сите овие имиња стојат едно до друго … е тогаш станува збор за нешто примамливо. Тие се тајна мечта на сите мажи на планетава, а во својата работа е страшно добри и професионални.

Групата „Duran Duran“ е свесна за ефектот што ќе настане, уште во моментот кога си собрале сите овие звучни имиња. Инаку, песната за која се снимал спотот се вика „Girl Panic“. Сомнеж нема! Успехот уште од сега е загарантиран. А, како да не биде, кога ќе помешате супермодели со добра музика.

Write A Comment