Доволно спиете, меѓутоа секогаш сте уморни? Пред да го обвините начинот на живот за вашиот постојан замор, дознајте повеќе што се може да биде причинител на необјанивиот замор.
Многубројните обврски недостатокот на сон не се единствените причинители на хроничниот замор. Постојат седум скриени причини кои морате да ги имате секогаш во предвид.
АНЕМИЈА – Ако имате обилен менструален циклус или неодамна сте се породиле, губитокот на крв може да доведе до развоја на анемија- еден од најчестите причинители на замор кај жените. Проблемите настануваат кога поради крвавењето доаѓа до намалување на хемоглобинот во црвените крвни зрнца, кои пак се задолжени за пренесување на доволна количина кислород во вашите органи и ткива. Кога органите и ткивата нема да добијат доволно кислород – резултатот е хроничен замор. Останати причинители на анемијата се, недостатокот на железо, фолна киселина или витамин Б12. Анемијата може да биде и знак за постење на хронични болести.
СМАЛЕНА АКТИВНОСТ НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА – Ако сте успорени, па и депресивни, проблемот може да биде, неправилно работење на штитната жлезда, познат како hipotiroidizam . Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на лептир која и те како е битна за правилно функционирање на вашиот организам. Хроничниот замор може да биде реакција на неправилно функционирање на истата.
ИНФЕКЦИИ НА УРИНАРЕН ТРАК – Иако инфекциите на уринарниот трак имаат свои поебни симптоми, понекогаш заморот може да биде единствениот симптом кој ќе се појави. Повеќето жени немаат други симтоми и доволно е чувството на замор за да посетите уролог.
КОФЕИНСКА ПРЕОПТЕРЕТЕНОСТ – Многу однас знаат да испијат поголемо количество на кафе како би го зголемиле својата енергија. Кај жените кофеинот може да има спротивен ефект. Решението да го смалите количеството на испиено кафе, но не само тоа туку и количеството на чоколадо, чај, газирани сокови, па и некои лекарства кои содржат кофеин.
НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА – Храната треба да ни дава сила и енергија, но последните истражувања потврдија дека многу голем процент од светската популација има проблеми со алергии а не е свесна за тоа. Имено може да имате алергија на некоја храна која може да доведе до хроничен замор.
МАЛКУ СОН – Доколку не спиете доволно се подразбира дека ќе бидете уморни. Меѓутоа што ако не знаете дека не спиете доволно? Овој чест случај се нарекува apneja, тоа е пореметување на спиењето кое придонесува за моментално престанување на дишењето, неколку пати во ноќта. Секој пат кога ќе престанете да дишите за кратко се будите, тоа е доволно да се поремети вашиот циклус на спиење. Вие најчесто не сте ни свесни за тоа а тоа всушност е еден од најголемите причинители на хроничниот замор. Посетете лекар доколку се сомневате или сте забележале дека тоа ви се случува
