Убавина

Слабејте со шампањско

Како да си ја вратите линијата пред почетокот на новогодишните празници, а да не мора притоа да се откажете од добара  забава? Тоа е дилема и мака која измачува многу дами токму сега во декември, бидејќи повеќето диети го забрануваат алкохолот и тоа стриктно. Затоа пак, некој се сетил работите малку да ги измени. Така диетата со шампањско не само што овозможува конзумирање алкохол,туку дава и поттик дневно да се испијат по една или две чаши како дел од спроведување на планот за слабеење.

Според  Kari Alvil Libi (31), која всушност и ја смислила таа диета со шампањско, овој режим на исхрана е добар како за квалитетно живеење, така и за добра забава.

Со ова диета таа потврди дека тоа и помогнало да се трансформира од личност која е постојано депресивна кога се во прашање вишокот килограми во жена која има поголема желба за живот. Kara, која работи во MTV телевизијата во Њујорк, вели дека со години водела битка со вишокот килограми, постојано испробувајќи разни диети, но без никаков ефект.

– Прашајте ме за било која диета, и јас знам да ви кажам се за неа – вели Kara – Atkinsovata, Dukan dijetata… Бев дебелка уште како дете, го мразев тоа што сум таква. Постојано се чувствував лошо поради својата дебелина.

Стресот на работа заедно со другите обврски ја терало секојдневно да посегнува по храна, налевајќи го тоа со по две чаши црно вино. Kara решила виното да го замени со шампањско и едноставно да почне да одбира здрави продукти за јадење наместо што е постојано на диета.

Elizabet Velšebaum, нутриционист во британската фондација за исхрана, кажува дека по една или две чаши шампањско на ден препорачува дури и Министерството за здравје.

Една чаша шампањско има 91 калорија. Шампањското кое го обожува Kejt Mos “Laurent Perrier’s Ultra Brut” има само 65 калории. Со оглед на тоа што меурчињата стигнуваат побрзо во вашиот крвоток, вие внесувате помала количина од овој алкохолен пијалак.

Кога поминала на овој режим на исхрана, Kara вели дека многу повеќе била способна да ги извршува своите секојдневни обврски, и дека така е многу полесно  отколку постојаното лишување од храна.

Заклучокот е едноставен: не постојат забранети јадења, но фокусот го ставаме на високо квалитетна исхрана, хранливи материи и вкусни работи. Дневно вкупно можат да се внесат 1.200 – 1.400 калории. Наместо хамбургер и помфрит можете да изедете чаден лосос со зелена салата и една чаша шампањско. Теоријата на Кара е таа: треба да внесуваме само „елегантна“  храна и дека тоа е најдобриот начин да почнете да си го почитувате своето тело. Така постои многу помала веројатност дека ќе се прејадете.

 

Write A Comment