After Midnight

Следното утро после инцидентен секс

Се будиш со размачкана шминка, некаква гадна сончева светлина те заслепува, главата ти е празна и се што се обидуваш да се сетиш е каде точно ти се наоѓаат алиштата што си ги соблекла пред неколку часа!

До овде историјата ми е смешна, но после тоа следува репликата „За се е виновно скапаното вино!“ Најлошиот аргумет и самозалажување на сите времиња!  Не можам да разберам зошто се уште масовно жените го користат алкохолот како извинување за желбата да постапуваат и тие како мажите. Сексот припаѓа на категоријата забава, а не злосторство. И сосема е нермолно на една жена да и се случи вакво нешто, особено кога навистина ваквите појави се инцидинти, а не рецидив, за кое имам веќе по различно мислење.

Откако ќе се измолкнеш тивко како крадец од неговиот стан, се прибираш накај дома, сеедно чекориш по патеката на срамот.  Во главата ти се ројат мисли како „Ќе ми се јави ли пак?“, „Дали ме мисли за к…а?“, „Зошто по ѓаволите испив толку многу?“ …

Вистината е дека на дното на секое испиено шише, дебне вината! Ти избираш дали да ја примиш или да ја испратиш таму каде што и е местото – во корпата за ѓубре заедно со празното шише.

Write A Comment