Раперката која многу брзо стана популарна има нова песна. За тоа колку брзо ја освои публиката говори и фактот дека минатата недела беше лансирана барбика со нејниот лик.
Инаку новата песна на Ники е дел од албумот кој пејачката го подготвува последниве неколку месеци под името ‘Pink Friday: Roman Reloaded’, каде Роман е карактер на маж хомосексуалец, а кој наводно е нејзино алтер его низ целиот албум, кој е најавен дека ќе искочи за Валентајн 2012 година.
Песната се вика ‘Roman In Moscow’, наскоро треба да се појави и спот, а до тогаш слушнете ја во продолжение:
httpv://www.youtube.com/watch?v=AZVelDei8vM
