BMW спаѓа во редот на оние автомобили кои до вас попрво ќе го најдат патот преку срцето отколку преку паметот. Тоа најдобро го знаат оние кои седнале зад воланот и провозеле барем еден километар.
И “стандардниот” 5.0 литарен мотор од М5 серијата е ремек дело кое само по себе заслужува посебно место во историјата на автомобилската индустрија. Но, секогаш постојат оние ненаситните на кои никогаш не им е доста. Преслушајте го овој V10 КС кој звучи слично на болид од F1. Погледнете го видеото и обрнете внимание на издувниот систем.