Легендарниот режисер Мартин Скорсезе ќе ја сними адаптацијата на језивиот трилер „Снешко Белчо“.
Книгата е на норвешкиот писател Џо Незбо и во неа се раскажува за еден сериски убиец кој ги расчеречува своите жртви и на секое место на злосторството остава по еден Снешко Белчо.
Сценариото за филмот ќе го напише Мејту Карнахан, кој го напиша сценариото и за новиот филм со Бред Пит „Светска војна Z“.
Сеуште не е познато кој ќе ги игра главните улоги во „Снешко Белчо“.
