Актерката од филмот „Самрак“, Кристен Стјуард се здоби со повреда за време на снимањето на екранизацијата на една од најпопуларните детски бајки.
Моментално се снима филмот „Снежана и седумте џуџиња“, а главната улога ќе ја игра Кристен Стјуард. Сепак, снимањето е привремено прекинато, бидејќи Кристен се повредила при снимањето. За кава повреда се работи сеуште не е прецизирано.
– Кристен е повредена и снимањето е прекинато. Се надеваме дека до петок ќе продолжиме да снимаме, – изјави актерот Макс Манганело, кој ја игра улогата на ловецот.
Во оваа верзија на Снежана играат уште и Џулија Робертс како маќеата, потоа Шарлиз Терон, Крис Хемсфорт и Боб Хоскинс.
