Снуп Дог повтроно привлекува внимание со претераното глорифицирање на марихуаната. Пред само неколку дена, на својот концерт во Атланта тој на публиката и „подарил“ запален џоинт, а сега на Твитер се пофали со фотографии од снимањето на неговиот најнов спот, каде позира со цело ритче од неговата омилена билка.
На сликите, Снуп седи со својот колега Виз Калифа, кој пали една завиткана цигара. Ако некој го нападне, Снуп е доволно паметен да се одбрани. Најверојатно ќе се извади со финтата дека ова е само копија на марихуана која ја користи за потребите на снимањето на видеото.
Под сликата на Твитер тој напишал: „Каков трофеј!“

