Celebrity

Со брзина на светлината – Селена Гомез, водителка на MTV EMA наградите

Вчера се случи едно од најголемите музички шоуа во целиот свет. Се работи за MTV EMA наградите кои оваа година се одржаа во Белфаст, Ирска.

Тимот на MTV оваа година одлучи младата Селена Гомез (19) да ја води целата манифестација, а покрај водителската задача, таа требаше цело време да пишува на Твитер што се случува и како течат наградите од нејзината гледна точка. Плус, девојчето собра сили и да настапи пред своите обожаватели во Белфаст.

Иако, не се снајде баш баш во водителството, сепак, треба да ѝ пружиме рака за големиот потфат. Неколку пати се сретна и со своето момче Џастин Бибер, а воедно и го најави како еден од изведувачите, без некои посебни емоции.

За изгледот да не зборуваме, како и секогаш изгледаше сјајно и совршено, а најде време да се пресоблече дури 9 пати. Погледнете ги  сите нејзини трансформации во текот на вечерта:

http://www.youtube.com/watch?v=3KRGICKfX60

Write A Comment