Пред да купите голема чанта размислете… Имено група истражувачи од Американската асоцијација за здравје тврдат дека носењето на големите чанти штети на убавината на жената. Тие утврдиле дека носејќи голема чанта жените побрзо „стареат“ во просек за 5 до 7 години. „Малку од жените се свесни за оваа извонредно лоша навика, да се биде во тренд. Големата чанта има милион мали предности, но исто така и дупло повеќе негативности“- истакнуваат истражувачите.
Иако големите торби последниве години станаа неизбежен моден детаљ на жените, стручњаците тврдат дека носењето на гломазни и тешки чанти може да се претвори во терет кој ќе го носат цел живот.
Женските торби стануваат се поголеми и потешки, од како дизајнерите ги креираат како актовки, со рачки кои стануваат се по долги.
Многу жени се жалат на болки во вратот, рамениците и грбот. Здравствените проблеми се последица на големата и нееднакво распоредена тежина која го оптоварува рамото, тврдат повеќето американски лекари. Женските торби, според истражувањата, најчесто тежат од 3,1 до 4,5 килограми. Заради ова, велат лекарите, во иднина ќе има се повеќе жени со здравствени проблеми. Затоа многуте лекари апелираат до модните креатори да осмислат едукативни етикети на кои ќе пишува предупредување од можни здравствени проблеми заради носење товар. На жените им се препорачува да не се навалуваат на едната страна додека одат со торбата обесена преку рамо, туку да заземат исправена положба на телото.
