ШоуБиз

Со кого Питер Андре лечи рани?

Познатиот британски пејач Питер Андре дефинитивно ја прежали сопругата, и тоа благодарејќи и на 12 години помладата танчерка Кристина Мекмилиан. На почетокот се обидуваа да ја држат во тајност својата романса, но сега информациите се раширија по медиумите и тоа баш кога повеќе не се заедно. Пред само месец дена, Питер не сакаше да открие дали е во врска или не, но негов близок пријател им раскажал на медиумите дека Питер всушност бил заљубен.

–        Питер и Кристина се гледаа, но повеќе не. За среќа, сеуште се добри пријатели и тоа за нив не е чудно. Питер смета дека таа е прекрасна, а оваа ситуација е таква што подобро е и за двајцата да бидат пријатели, отколку љубовници. – изјавил пријателот.

Кристина неодамна објави фотографии со Андре на Твитер. Напишала дека со него е секогаш забавно да се работи, а на фотографиите е повеќе од очигледно дека се забавуваат. Дали се во врска или не, едно е јасно какви жени му се допаѓаат на Питер, бидејќи Кристина доста личи на неговата поранешна сопруга Јордан.

Write A Comment