Студијата, објавена во списанието Педиатрикс, проследено со акцијата на поттикнување на вежбање во стандардна програма за одвикнување на тинејџерите од пушењето.
Истражувањето спроведено во западна Вирџинија, во која поголемиот број на пушачи меѓу средношкоците а вежбањето е на ниско ниво. На испитаниците им се понудени три прогами за помош. Прва е стандардната програма, втората е стандардна програма збогатена со вежбање и третата е еднократно советување со стручни лица.
Во истражувањето учествувале 233 ученика, и после 6 месеци покажало дека програмот со вежбање има најголем успех и дека со неговата помош престанале да пушат 31 % од учениците, со стандардната програма 21 % од нив престанале, а со еднократното советување помалку од 16 %, пренесува Нина.
Истражувањето утврдило дека додавањето на вежбање постигнало резултати само кај момчињата, односно во прогамата со збогатено вежбање 27 % од младите мажи престанале да пушат во споредба со 18 % од пушачите кои се откажале од пушењето со стандардната програма. Кај девојкте немало вавко отстапување, 26 % од нив престанале да пушат со стандардната прогама збогатена со вежбање, додека 23 % од нив престанале со класичната програма.
