Тотален победник на годинешниве MTV EMА награди кои се одржаа вчера во Белфаст, Ирска беше кој друг ако не фантастичната Лејди Гага. Таа собра дури 4 награди и тоа за Најдобар женски изведувач, Најмногу фанови, Најдобра песна и Најдобар спот, и двете за „Born This Way“.
Гага си ги собра наградите носејќи метален штит на главата од кој слабо можеше да гледа и зборува, но не ја пропушти приликата и да заплаче и со огромна љубов да ги поздрави своите „мали чудовишта“.
Веднаш зад неа се најдоа Џастин Бибер, Бруно Марс и групата „30 секунди до Марс“ со по две награди. Бибер ги зеде посакуваните и ласкави признанија за Најдобар машки изведувач и Најдобар поп пејач, Бруно за Најдобар нов изведувач и Најдобар пуш, а „30 секунди до Марс“ се закитија со Најдобра алтернативна музика и Најдобар светски настап на сцена.
Еминем беше награден како Најдобар хип хоп изведувач, „Линкинг парк“ како најдобар рок изведувач, а на легендарните „Квин“ им беше доделено признанито за Глобална икона, со огромно влијание врз музичкиот свет.
Што се однесува до настапите на шоуто, кое имаше привилегија да го води 19-годишната Селена Гомез, имаше по малку од сè и сешто.
Гага успеа повторно да изненади со феноменалниот сценски настап во придружба на една огромна месечина, кој можете да го погледнете тука:
http://www.youtube.com/watch?v=D4DoJj8PblU
Фановите на Џастин урлаа по него додека тој настапи пеејќи ја новата „Under the Mistletoe“ и нам добро познатата „Never Say Never“. Тој не пропушти да им се заблагодари на обожавателите и да напомене дека во последно време „помина низ доста гомненици“. Сите знаеме на што мисли, нели? Еве го и настапот:
http://www.youtube.com/watch?v=1OIqO9lfzMI
Тука беше и неверојатната Џеси Џеј, која покрај тоа што ја испеа својата „Price Tag“, им се придружи и на Дејвид Гета, Тајо Круз и Лудакрис , пеејќи го светскиот хит „Without You“. На Џеси ѝ беше доделена задачата да искаже почит на неодамна починатата ѕведа Ејми Вајнхаус.
Освен нив настапија и „Колдплеј“, легендарните „Квин“ заедно со Адам Ламберт, „Сноу Патрол“, Бруно Марс, „Ред Хот Чили Пеперс“, Џејсон Деруло, како и бендот „Биг Бенг“ кој зеде награда за Интернационален светски изведувач.
http://www.youtube.com/watch?v=Rj9SUkDwXkw
Многу ѕвезди и манекенки исто така прошетаа по бината во Белфаст доделувајќи ги престижните награди на изведувачите, меѓу кои и девојката на Кристијано Роналдо, Ирина Шајк.
И да не заборавиме на фанот кој истрча на сцената целосно гол и мафтајќи со „таквото“ збунето ја поздрави публиката и презентерката, за повторно да си побегне зад сцената.
Сè на се, одлична вечер за вистинските љубители на добрата музика!


















