Здраво тело

Совети како да го подобрите спиењето

Квалитетното ноќно спиење е една од најважните и најнеопходните работи за вашето тело. Со квалитетно спиење му помагате на вашиот мозок, срце и целото тело вклучувајќи го и надворешниот изглед, а со тоа ќе изгледате од најмалку една година помлади. Според некои истражувања докажани се неколку начини за подобрување на спиењето:

– Вежбајте: Преку текот на денот обидете се да бидете целосно активни. Доколку не сте, пасивноста надополнете ја со вежбање.

– Опуштање на мислите: посебни техники на дишење, арома-терапија, масажа.

– Избегнување на алкохол: Со алкохолот многу брзо се менува расположението. Алкохолот е исто така и диуретик (што значи ве поттикнува на уринирање), што е непожелно ноќе. Исто така се зголемува веројатноста од хрчење, што го намалува струењето на воздух до белите дробови. Со ова се намалува количеството на кислород во крвта што го нарушува спиењето и придонесува до мамурлак.

-Избегнувајте кофеин: Кофеинот е стимуланс кој може да остане во телото неколку часови.

– Секс: Сексот пред спиење е одличен фактор за добар сон.

– Поставете си постојано време на легнување и станување.

– Внимавајте на исхраната: Јадењето на обемен оброк полн со калории малку време пред да си легнете влијае на квалитетот на сонот.

 


Write A Comment