Масната и неуредна коса е чест проблем на многу жени. Еве неколку совети кои би ви помогнале. Пробајте, ништо нема да ве чини.
Млака вода, благ шампон
Храната е на прво место за што треба да водите грижа, но не и единствено. Доколку косата ја миете секој ден, морате тоа да го правите со благ шампон со растителен состав и додатоци од лаванда, млечна, лимонска или јаболкова киселина кои не ги иритираат лојните жлезди. Освен тоа, важно е да ја миете косата со млака вода, бидејќи врелата дополнително ги активира лојните жлезди. И во никој случај не тријте ја косата и темето, туку нежно масирајте ги со врвовите на прстите. Добри се и шампоните со додаток од глина која ја упива маснотијата.
Бебешка пудра

Кога немате време за миење, во најлонски чорап ставете малку бебешка пудра, чорапот замотајте го околу четката за коса, така што нејзините забци ќе го пробијат чорапот и сега четкајте ја косата додека не се потроши пудрата. Потоа земете обична четка и уште еднаш поминете низ косата. Таа ќе добие на волумен и ќе изгледа чисто, но сепак ќе морате да ја измиете пред спиење, најдбро е со шампон на база на лимон.
Колонска вода
Натопете памук со малку колонска вода и со него нежно истријте го темето. Косата ќе биде посува и миризлива, но сепак не претерувајте со количината.
