Убавина

Совети за нега на убавината

УМОРНОТО ЛИЦЕ можеме да го освежиме на пареа. Она што треба да направиме е да згрееме вода во која ќе додадеме малку камфор (1 лажица во 1 литар вода) или камилица. Откако водата ќе почне да врие, ја тргаме од шпоретот, ја собираме косата и го започнуваме процесот на пареење на лицето. По овој третман, лицето треба да го измиеме со ладна вода.

 

ЧУВСТВИТЕЛНАТА КОЖА не смееме да ја миеме со обичен сапун, туку со бадемови трици кои успеваат темелно да ја исчистат кожата, а притоа да не ја надразнат. Доколку кожата не е премногу надразнета, може да се истрие со 10% салицилен шпирт, кој ја отстранува лојта насобрана во порите.

МИЕЊЕ НА ЛИЦЕТО со кисело млеко ја спречува појавата на брчки, а кожата ја прави поеластична.

КОЖАТА НА ЛИЦЕТО можеме многу брзо да ја освежиме со триење, користејќи сок од лимон. По десетина минути триење треба да го измиеме лицето со ладна вода.

ОСИПИ НА КОЖАТА, акни, гној и сл. Болестите на кожата треба да ги лечиме со квасец или пак витамин В.

МАСКАТА ОД ЖОЛЧКИ ја храни кожата и го спречува создавањето на брчки. Жолчите треба да се помешаат со малку маслиново масло и лимонов сок. Смесата треба да се нанесе на лицето и да се остави половина час да се исуши, а потоа да се измие со млака вода.

МАСКА ОД БЕЛКАТА НА ЈАЈЦЕТО. Во пената од белки треба да се додадат неколку капки лимон. Маската треба да остане на лицето се додека не почувствуваме благо затегнување на кожата, а потоа истата треба да ја отстраниме со млака вода. За да ја одржиме кожата на лицето во најдобра форма, треба да ја повторуваме оваа процедура 1-2 пати месечно.

МАСАЖА НА ТЕЛОТО по бањање со мокра и груба фротирка, или пак масажа на помалку чувствителната кожа со четка е корисна за зајакнување на мускулатурата, како и за остварување добра циркулација.

НОКТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ КРАТАТ, ТУРПИЈАЌИ ГИ, а не со ножици, затоа што во тој случај растат неправилно, а на нивната површина ќе се појават и нерамнини.

ФРИЗУРАТА ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГО ако додека е влажна косата се истрие со сок од лимон или пиво.

СУВАТА КОЖА НА ЛИЦЕТО И ВРАТОТ треба да се мие со смеса од бадемови трици и зовриена вода во која треба да се додадат и 10 капки колонска вода.

КОЖАТА ПОСЛЕ СОНЧАЊЕ. Доколку кожата поцрвени или пак темната боја веднаш падне, треба да се консумира (дури и на зима) витамин А или ¼ чаша  сок од моркови.

НАПОМЕНА. Доколку сте се здобиле со опекотини од сончањето, на местото каде е опекотината треба да се нанесе малку сода бикарбона и да се навлажни местото со ладна вода. Опекотината повеќе нема да ви прави проблеми.

 

Write A Comment