Убавина

СПА маска за лице но за дома

Откривме една неверојатна спа маска за лице употребувана од професионалните козметичарки, која содржи три компоненти кои не е тешко да ги набавиме. Квасецот, павлаката и шампањското ќе ја направат вашата кожа сјајна, мека и подмладена. За приготвувањето ви се потребни еден квасец, две лажици павлака и една половина чаша шампањско. Измешајте добро се додека не добиете кремаста смеса. Нанесете на лицето, вратот и деколтето и оставете додека не се исуши, за што ќе биде потребно отприлика 20 минути.

Оваа спа маска го ослободува лицето од токсините и излишните маснотии, ја освежува и затега кожата и има антивоспалителен ефект.

Write A Comment