← НАЗАД НА БОЗА

Спилберг фасциниран од Мојсеј! Ќе се снима филм?

Спилберг фасциниран од Мојсеј! Ќе се снима филм?
654 Читања

Славниот режисер Стивен Спилберг би требало да ѝ се придружи на екипата која ќе го снима филмот „Gods and Kings“ кој е инспириран од библискиот јунак Мојсеј.

Спилберг го прочитал сценариото напишано од Мајкл Грин и Стјуард Хезелдин и според филмските магазини, тој сериозно размислува да се вклучи во проектот.

Филмот „Gods and Kings“ ќе биде најнова екранизација на една епска приказна која нема да има никакви допирни точки со филмското остварување на Чарлтон Хестон „Десетте заповеди“.

Спилберг сеуште нема со сигурност потврдено дали ќе застане позади овој блокбастер чија премиера се очекува да биде кон крајот на наредната година.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk