Убавина

Спротивставете му се на стареењето

Има неколку фактори кои влијаат на тоа колку брзо ќе старее вашата кожа. Почнувајќи од генетските фактори, типот на вашата кожа и исто така влијанието на надворешните фактори како на пример изложеноста на сонце, дали сте пушач или не. Во принцип луѓето со поблед тен побрзо стареат од тие со потемен, кои се заштитени од покачената вредност на пигменти и липиди.

Друг фактор кој е од витално значење е вашата возраст. Поинаков е изгледот и функцијата на кожата на 20 и на 60 годишна возраст.

По многу години истражување научниците, дерматолозите и пластичните хирурзи сепак се враќаат на природните состојки и витаминските екстрати за забавување на стареењето на кожата. Некои жени ќе се одлучат за производите и хируршките зафати кои ќе ја подмладат кожата, но можете да одберете и друг начин. Вие можете да ги корегирате брчките откако ќе се појават, но можете и да ја забавите нивната појава.

Значи, стареењето не можеме да го спречиме но можеме да го забавиме, со употреба на маски, креми и многу други производи. Покрај производите што можете да ги купите, можете да направите производи базирани на природни состојки.

Добрите третмани за забавување на стареењето генерално содржат различни антиоксиданси, како што се витамините А, Ц, Д и Е. Производите што се наменети против стареење на кожата, како што се кремите, лосионите, серумите, и маските и се дизајнирани да ја негуваат и обноват кожата.

Барајте производи кои содржат состојки како што се бел и зелен чај, невен, камилица.

Но за забавување на стареењето  исто така треба да се внимава на исхраната. Еден од најмоќните витамини е витаминот Ц. Тој го поттикнува производството на колаген, ги доведува во нормала штетите нанесени од сонцето ги намалува брчките. Најдобри резултати ќе добиете самите правејќи производи со витаминот Ц.

Исто така и добро балансираната исхрана е важен фактор во борбата против стареењето на кожата. Одличен рецепт за одржување на младешка и еластична кожа е свежо овошје и зеленчук заедно со многу вода и хербални чаеви.

И вообичаените совети за здрава кожа: никогаш не легнувајте со шминка, носете очила за сонце, не пушете и вежбајте.

Само внимавајте на рекламите на производите каде што ветуваат резултати кои се нереални, и не го губете времето и парите трагајќи по производи кои ќе ве направат млади за кратко време. Веднаш почнете со ефикасна и ефективна работа на вашето тело.

 

Write A Comment