ШоуБиз

Стартува судењето за убиството на Мајкл Џексон

Вчера започна судењето за убиството на Мајкл Џексон, а пред судот трбаше да се појави и докторот кој на славниот пејач му дал смртоносна доза лекови.

Мајкл почина во јуни, 2009 година од преголема доза лекови, а докторот Конрад Мареј е обвинет за убиство од невнимание.

Тој изјави дека воопшто не е виновен, но доколку судот во Лос Анџелес докаже дека дозата која тој му ја дал на кралот на поп музиката довела до неговата смрт, тогаш на лекарот му се закануваат четири години затворска казна.

И двете страни ќе изнесат бројни сведоци и ќе покажат еден куп докази. Не е познато дали судот ќе им одобри на најстарите деца на Џексон, Принц Мајкл и Парис, да сведочат против лекарот.

Се смета деке судењето ќе трае помеѓу четири и шест недели.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Wgwt9T-IrOg

Write A Comment