Почнавте кавга со вашиот партнер а вие не гледате излез од истата или не знаете како да ја прекините?
Истражувањето на Psychological Assessment покажа дека постојат две причини што стојат речиси зад секоја кавга помеѓу маж и жена. Истражувањето било направено врз 3.539 парови. На паровите им биле поставувани прашања за причините за кавга и чувствата, како и однесувањето на паровите за време на кавгата.
Со помош на одговорите се дошло до заклучок дека, во текот на кавгата еден од партнерите се чувствува запоставено и загрозено (партнерот има потреба да го контролира или да го наметнува чувството на вина).
Пробајте некој од следниве начини за прекин на кавгата, со сигурност ќе ви бидат од корист повеќе од демонстрантивно удирање со вратата.
Проголтајте ја гордоста
Гордоста прави повеќе да боли кога ќе паднете. Проголтајте ја гордоста и извинете се за своето однесување.
Признајте дека е во право
Ако осетите дека не сте во право, признајте го тој факт, бидејќи тоа е еден од најдобрите начини да ја прекинете кавгата.
Направете пауза
Кавгата може да трае само ако продолжите да реагирате на ситуацијата. Затоа направете пауза, малку почекајте. Обајцата ќе добиете време за размислување за тоа што се случило, како и каков исход сакате.
Визуелизирајте што добивате (или губите)
Додека се карате, обидете се да замислите што се може да биде можен исход од ситуацијата.
Простете и заборавете
Ова е една од најтешките работи за кого било од нас, но ако ви е односот премногу важен за да го ризикувате поради кавга, да се прости и да се заборави е најдобрата опција што ја имате.
Истражувањето заклучува дека кавгата е здрава, важно е да се изрази лутината и да се биде свесен за вистинската причина за кавга.
