Celebrity

Стриптиз филм на Стивен Спилберг!

Актерот Ченинг Тејтум ќе игра во фимот на Стивен Спилберг во кој се работи за неколку мажи кои танцуваат без облека.

Тој ќе ја има улогата да го отелотвори еден искусен стриптиз танчер кој под своја закрила зема нов дечко и му помага да се снајде во новата работа. Актерот ја добил идејата за филмот од својот сопствен живот, бидејќи и тој, пред да се пробие во актерството, работел како стриптиз играч во некој ноќен бар.

Филмот се вика „Магичниот Мајк“ и тоа според ликот на Тејтум. Во другите улоги ќе се најдат МЕт Бомер, Метју Меконај, Оливија Ман итн. Филмот ќе може да се погледне во кина на 29-ти Јуни, следната година.

Write A Comment