Носи свилено фустанче, провокативни чорапи со подвезици и ги фрла сите на колена пред неа. Кој друг ако не R&B дивата Бијонсе која е секогаш тука со нешто ново, дури и кога е бремена. Таа ја прикажа премиерата за промотивниот сингл „Dance For You“ кој ќе биде бонус трака од последниот студиски албум на Бијонсе „4“.
Очигледно спотот е сниман уште кога Бијонсе не беше трудна, а сега само го објавува за да остане во тек и постојано активна на музичката сцена. Значи, оваа женска не знае за пауза и одмор.
Инаку, спотот е вистинска секс бомба, и многу наликува на стриптиз.
Видете и сами:
http://www.youtube.com/watch?v=KiAZDAo0Dow
