Пред вас се неколку трикови за убавина на вашето лице, а кои ги употребуваат славните личности, а во исто време љубоморно ги чуваат од јавноста. Овие трикови ги открива Линдзи Мајлс шминкерка на популарни ѕвезди.
1. Бел молив за очи:

Кај манекенките овој трик е многу популарен. Белиот молив ги отвора очите и им дава изглед на одморени и продорни очи, вели Линдзи. За свеж поглед и свежи очи, моливот нанесете го само во аглите на внатрешните долни линии на трепките.
2. Сатенски и свилени перници:

Од памукот се старее?! Како и зошто? Оние тенки линии од спиење кои ги гледате во огледало наутро после спиење, подоцна ќе станат длабоки бори. Сатенските и свилените материјали не го „гужваат“ лицето, истакнува Линдзи.
3. Сок од брусница:

Сокот од брусница најчесто го користат црвенокосите ѕвезди, со што ја плакнат косата за да имаат екстра сјајна коса и сјајна боја.
4. Екстракт од ментол за усни:

Дел од популарните пејачки го користат овој трик, наместо болните инјекции од колаген. Екстрактот од ментол ги шири крвните садови и така на природен начин ги прави усните пополни. Се нанесува со прст, капка од екстрактот и слободно уживајте во полни усни.
5. Белење на заби со јагоди:

Овој трик го користат дел од актерките за да имаат поубава насмевка. Се мешаат јагодите со сода бикарбона и се четкаат неколку пати неделно. Смесата е малку леплива, но размислете за резултатите и насмевката.
6. Шприцер за лице:

Уште еден трик благодарение на манекенките од 80 – те години. Тие почнале да мешаат вода со полномасно млеко. Ако овој спреј или смеса се нанесува редовно во текот на денот, ќе се задржи влагата и блескавиот тен.
7. Маслиново масло, за водоотпорна маскара и за сè останато.

Маслиновото масло е полно со антиоксиданти, со витамини А и Е, а важно е за убавина исто како парче леб за сендвич. Маслиновото масло без проблем ја симнува и најтешката шминка, а кожата ја прави мека како бебешка. Со редовно користење на маслиновото масло за симнување на шминката, веќе по третиот ден ќе се изненадите, така што делот околу очите ќе биде видливо хидратизиран, освежен и без темни подочници. Хронично темните подочници, најчесто се проблем на сувата кожа.
8. Лимонов сок:

Лимоновиот сок е природно средство за чистење. Со овој трик кожата се одржува свежа, чиста и рамномерна. Делува како пилинг и ги намалува порите. Ако имате сончеви пеги, лимоновиот сок помага во нивно белење. Се нанесува на парче памук и се премачкува преку лицето на крај на чистењето.

1 Comment
Mnogu ednostavno, a mnogu korisno. Vredi da se probaat trikovive.