Убавина

Тајната на здравите и убави нокти

Скапиот лак и посетата на маникир студио не се доволни за да имате идеални и убави нокти. Најважното од се, е да имате здрава и перфектно оформена плочка на ноктите. Козметиката за грижа за ноктите зафаќа цели штандови во парфимериите, но не помалку ефикасни се средствата приготвени дома од секојдневните продукти. Природните маски и компреси се подобриот избор, бидејќи како прво сте сигурни за нивниот состав, второ, лесно се приготвуваат, го елиминираат проблемот со кршливоста на ноктите, а истовремено ги снабдувате со потребните витамини.

Еве една лесна домашна процедура за грижа за ноктите со морска сол и лимон:

Разредете една супена лажичка морска сол во 0,5 литри топла вода. Додадете една супена лажица сок од лимон и измешајте. Потопете ги рацете во садот за околу 20 минути. Исплакнете со топла вода и нанесете хидратантен крем. Процедурата се прави секој втор ден во продолжение на две седмици. Резултат: Ноктите ќе бидат многу поцврсти и ќе престанат да се кршат, а жолтеникавата нијанса ќе исчезне.

Write A Comment