Официјалниот наслов на новиот албум на Ријана конечно е објавен на нејзината интернет страна. Шестиот албум ќе се вика „Talk That Talk“ и ќе се појави во јавност на 21-ви Ноември. Објавата доаѓа само две недели по првиот сингл „We Found Love“ за кој набрзо се очекува да излезе и спотот.
– Не можам да престанам да мислам на видеото што го снимивме! Едноставно најдоброто видео што некогаш сум го направила! – напиша Ријана на својот Твитер.
Засега Ријана сеуште го промовира својот петти албум „Loud“ низ Британија, а тоа ќе трае до декември кога ќе продолжи со промоција на новиот албум.
Ајде Ријанче, сите чекаме на тебе!
