Филмската куќа „Paramount Pictures“ го објави трејлерот за филмот „Титаник 3D“ кој треба да се појави во кината во април, следната година.
Трагичната прва пловидба на „најдобриот и најголемиот брод на сите времиња“ досега има доживеано неколку екранизации. Најпозната е онаа на Џејмс Камерон од 1997 година која доби дури 11 Оскари и која повторно ќе ја гледаме во кината по повод стогодишнината од потонувањето на бродот.
Објавен е првиот трејлер кој ја најавува 3D пловидбата со Џек и Роуз (Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслет), ликови кои влегоа во историјата на кинематографијата како најромантичен филмски пар на сите времиња.
Еве го трејлерот:
